Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во посета на Албанија

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека мирот и стабилноста на Албанија се мир и стабилност на Балканот

1669142
Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во посета на Албанија

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во посета на Албанија престојува во официјална посета на главниот град на Албанија, Тирана, кадешто даде изјава за новинарите.

Калин истакна дека мирот и стабилноста на Албанија се мир и стабилност на Балканот.

Велејќи дека на дневен ред се наоѓаат продолжувањето на мирот и стабилноста на Балканот, соработката во контекст на НАТО и прашања посветени на Европската унија (ЕУ) и глобални прашања, Ибрахим Калин рече: „Односите помеѓу Турција и Албанија продолжуваат секоја година уште повеќе да зајакнуваат и да добиваат интензитет. И за проширување и продлабочување на овие односи во различни сфери, нашите активностите отсега ќе продолжат на уште поинтензивен начин.“

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин напомена дека со Албанија постојат значајни соработка и во сферата на одбранбената индустрија и го рече следното: „Впрочем, мирот и стабилноста на Албанија се нашиот мир и нашата стабилност, мир и стабилност на Балканот.“



Слични вести