Ердоган: Канал Истанбул ќе биде 13 пати побезбеден за бродскиот сообраќај во споредба со Босфорот

Претседателот Ердоган истакна дека реализираните студии покажуваат дека Канал Истанбул ќе биде 13 пати побезбеден за бродскиот сообраќај во споредба со Истанбулскиот морски теснец (Босфорот)

1669053
Ердоган: Канал Истанбул ќе биде 13 пати побезбеден за бродскиот сообраќај во споредба со Босфорот
erdogan ogrencilerle bulusma.jpg
erdogan ogrencilerle bulusma2.jpg
erdogan ogrencilerle bulusma1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, вчера во Народната библиотека во склопот на претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, во рамките на третите „Библиотекарски разговори“, се состана со докторантите и притоа одговараше на прашањата на младите.

Претседателот Ердоган истакна дека бродскиот сообраќај низ Канал Истанбул ќе се одвива 13 пати побезбедно во споредба со Истанбулскиот морски теснец (Босфорот). 

Нагласувајќи дека е неопходно да се фрли чекор со Канал Истанбул, Ердоган привлече внимание дека Истанбулскиот морски теснец (Босфорот)  во секој момент може да претставува закана за еколошка катастрофа и истакна дека поради природата на Истанбулскиот морски теснец особено на места со свиоци бродовите на некои места се соочуваат со ситуација наречена „заглавување, заклучување или блокирање на кормилото“ и притоа доаѓаат во состојба да не можат да маневрираат.

Изнесувајќи ги како пример претходно доживеаните бродски несреќи во Истанбулскиот морски теснец (Босфорот), претседателот Ердоган рече: „И ние треба да извлечеме лекција од овие катастрофи. Особено, Истанбулскиот морски теснец низ кој годишно поминуваат 45 илјади бродови не е можно повеќе да го сноси овој проток на сообраќај. Реализираните проекции покажуваат дека оваа бројка во 2050 година ќе достигне до 78 илјади, а сообраќајот постојано се зголемува. Но капацитетот на безбедно поминување на бродовите низ морскиот теснец (Босфорот) е само 25 илјади. Со оглед на тоа дека не можеме да го затвориме Босфорот за поминување на бродовите, за да се справиме со растечкиот сообраќај во нашите раце имавме само една можност, а тоа е Канал Истанбул.“

Претседателот Ердоган нагласи дека реализираните студии покажуваат дека Канал Истанбул ќе биде 13 пати побезбеден за бродскиот сообраќај во споредба со Истанбулскиот морски теснец (Босфорот).

„Со оглед на тоа што сега станува збор за 13 пати побезбедна ситуација, зарем има одредена смисла сѐ уште да инсистираме во Истанбулскиот морски теснец (Босфорот)? Танкери, огромни товарни бродови... Сега  веќе ќе мораме да го затвориме Истанбулскиот морски теснец за нив, ние сите ќе треба да ги преместиме (усмериме) кон Канал Истанбул.“ - констатира претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 

 



Слични вести