Во јуни внатре во земјата и надвор преку границата се неутрализирани 98 терористи

Во реализираните операции од воздух и од копно внатре во границите на земјата и надвор преку границата во текот на месец јуни годинава се неутрализирани 98 терористи

1668733
Во јуни внатре во земјата и надвор преку границата се неутрализирани 98 терористи

Во реализираните операции против сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ која за нарушување на спокојството и средината на доверба на Турција не се воздржува да цели ниту против цивилите, децата и бебињата, внатре во границите на земјата и надвор преку границата во месец јуни 2021 година се неутрализирани вкупно 98 терористи.

Турските вооружени сили (ТВС), Генералната дирекција на полицијата, Командата на жандармеријата и Националната разузнавачка служба (МИТ) со поддршка и на безбедносните чувари продолжуваат да ги следат непоколебливо терористичките организации кои водат обиди за нарушување на спокојството и братството и единството во земјата.

Безбедносните сили кои дененоќно под секакви временски услови ги следат во чекор терористите како во градовите и руралните подрачја внатре во границите на земјата, така и надвор преку границата, ѝ нанесоа тежок удар на крвавата терористичка организација и во текот на месец јуни.

Во тие рамки во реализираните операции од воздух и од копно внатре во границите на земјата и надвор преку границата во текот на јуни, се неутрализирани 98 терористи.

Безбедносните сили без прекин и со одлучност ги продолжуваат активностите за елиминирање на терористичките елементи внатре во земјата и преку границата.

Освен тоа, бројот на припадниците на терористичката организација ПКК кои по пат на убедување им се предадоа на безбедносните сили оваа година заклучно со 30 јуни, се зголеми на 94.

 



Слични вести