Ердоган: Додека дури и развиените земји беа беспомошни, ние ја водевме Турција најнапред во секое поле

Претседателот Ердоган рече: „Не само неразвиените земји или земјите во развој, додека дури и развиените земји беа беспомошни пред последиците предизвикани од епидемијата, ние ја водевме Турција најнапред во секое поле“

1668906
Ердоган: Додека дури и развиените земји беа беспомошни, ние ја водевме Турција најнапред во секое поле
Cumhurbaşkanı Erdoğan Sakarya Toplu Açılış Töreni.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата на свечено отворање на неколку новоизградени проекти во Сакарја се осврна на низа актуелни случувања меѓу кои истакна дека со голема брзина продолжува процесот на имунизација во Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и дека во скоро време се очекува да започне и производството на домашната вакцина.

Ердоган рече: „Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола наскоро ќе ја ставиме во примена и нашата сопствена вакцина. Достигнавме до капацитет да ги вакцинираме сите над 18 годишна возраст. Од моите граѓани очекувам што поскоро да ги примат своите вакцини и да се заштитат себе си и нашата земја од заканата од оваа епидемија.“

Нагласувајќи дека најразвиените земји на Европа ги наплатуваат вакцините, претседателот Ердоган го подвлече следното: „Не само неразвиените земји или земјите во развој, додека дури и развиените земји беа беспомошни пред последиците предизвикани од епидемијата, ние ја водевме Турција најнапред во секое поле, од здравството до храната и јавната безбедност. Без оглед дали им се допаѓа на некои или не, Турција ќе преземе чекори за обезбедување на својата независност и иднина, и сигурно ќе ги постигне своите цели.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека и покрај низа попречувања е постигнат успех од Турција да се направи бренд во сферата на одбранбената индустрија.

„Иако некои не се двоумеа да користат секаков вид лаги и клевети за да го спречат секој наш чекор во одбранбената индустрија, ние успеавме од нашата земја да направиме бренд на тоа поле.“ - рече Ердоган.

 



Слични вести