Фахреттин Алтун: Во секоја прилика ќе продолжиме да ја кажуваме вистината!

Фахреттин Алтун во врска со остранувањето на неговиот говор од страна на Јутјуб го напиша следното: „Дали тоа ви се допаѓа или не, ние во секоја прилика ќе велиме дека тероризмот нема јазик, религија или раса. Да живее Вистината!“

1668442
Фахреттин Алтун: Во секоја прилика ќе продолжиме да ја кажуваме вистината!

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер покажа реакција против отстранувањето од страна на видео платформата Јутјуб од сметката на еден приватен телевизиски канал на неговиот говор на „Изложбата на дипломатите шехиди“, а под изговор дека овој негов говор претставува „говор на омраза“.

Алтун во врска со остранувањето на неговиот говор од страна на Јутјуб го напиша следното: „Тоа претставува двоен стандард, тоа е лицемерие. Јутјуб кој ги изоставува од вид говорите на омраза насочени против исламот и муслиманите и кој лесно им отвора простор на црните пропаганди на терористичките организации, го смета за 'говор на омраза!' она коешто го велиме во врска со терористите убијци кои ги убија нашите турски дипломати.

Дали тоа ви се допаѓа или не, ние во секоја прилика ќе велиме дека тероризмот нема јазик, религија или раса. Уште еднаш видовме дека како и на секое поле, имаме потреба од домашни и национални платформи и во полето на медиумите и комуникацијата. Да живее Вистината!“

 

 



Слични вести