Акар: Ќе продолжат разговорите со САД за безбедноста на аеродромот во Кабул, Авганистан

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека делегациите на Турција и Соединетите Американски Држави (САД) ги продолжуваат разговорите за управување и воспоставување на безбедноста на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, Авганистан

1668622
Акар: Ќе продолжат разговорите со САД за безбедноста на аеродромот во Кабул, Авганистан

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар напарави проценка на актуелните случувања во врска со остварените официјални посети на Киргистан и Таџикистан.

Акар истакна дека делегациите на Турција и Соединетите Американски Држави (САД) ги продолжуваат разговорите за управување и воспоставување на безбедноста на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, главниот град на Авганистан, по најавеното целосно повлекување на американските сили од оваа земја.

Тој рече: „Досега не е донесена никаква конечна одлука.“

Велејќи дека за резултатот од тие разговори ќе биде дискутирано и на состанокот со кој ќе претседава претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Акар рече: „по одобреување од претседателот ќе го спроведеме планот.“

Министерот Акар истакна дека за време на своите остварени интензивни разговори во Киргистан и Таџикистан беше пречекан со голема искреност и заинтересираност, а воедно го изнесе задоволството од гостопримството во овие две земји.

Акар нагласи дека 6 години како Турција управува со Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, Авганистан.

„Нашиот почитуван претседател кажа на Самитот на НАТО, има некои услови, прашања. Ние изнесовме одредена волја по ова прашање. Рековме дека доколку се создадат овие услови би можеле да останеме. Во таа смисла продолжуваат нашите контакти со различни земји. Аеродромите треба да бидат отворени, да функционираат. Свесни сме за тоа. Доколку не работат аеродромите амбасадите ќе бидат повлечени, во една таква состојба Авганистан ќе стане изолирана држава, ќе се соочи со мошне сериозни тешкотии од аспект на меѓународните односите.“ - подвлече министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

 



Слични вести