Во Турција од денеска започна новиот период за враќање на животот во нормала

Почнувајќи од денеска, 1 јули 2021 година, четврток се укинати ограничувањата за движење (излегување на улица) коишто се применуваа во земјата во рамките на борбата против новиот тип коорнавирус (Ковид-19)

1667822
Во Турција од денеска започна новиот период за враќање на животот во нормала

Од денеска во Турција се премина во третата фаза од периодот за постепена нормализација.

Почнувајќи од денеска, 1 јули 2021 година, четврток се укинати ограничувањата за движење (излегување на улица) коишто се применуваа во земјата во рамките на борбата против новиот тип коорнавирус (Ковид-19).

Со преминот кон третата фаза од периодот за постепена нормализација се укинати и огрнаичувањата за патување меѓу градови.

Сите работни места во Турција од денеска почнаа повторно да работат под услов да се почитуваат правилата за хигиена, носење маски и физичко растојание, како и сите други мерки и правила пропишани во Упатството за управување и работа за време на епидемија при Министерството за здравство.

Под услов да се почитува правилото за поставување на одредено растојание меѓу масите и столовите, нема да се применуваат ограничувања во однос на бројот на лицата кои ќе се наоѓаат во ист момент во рестораните, кафетериите и други угостителски објекти, во отворени и затворени или покриени простории.

На веридби, свадби и други свечености на отворено и во затворени простории, ќе може да се служи јадење и пиење. Ќе може да се свири и пушта музика како и да се приредува музика во живо најдоцна до 00:00 часот на полноќ.

Почнувајќи од денеска се укинати и ограничувањата за капацитетот во сите видови градски превози како и за меѓуградските патувања.

Од денеска е укинато од работното време од 10 до 16 часот коешто се применуваше досега во јавните институции и установи.

 



Слични вести