Претседателот Ердоган: Во вакцинацијата против Ковид-19 ја надминавме бројката од 50 милиони дози

Претседателот Ердоган соопшти дека е надмината бројката од 50 милиони дози во вакцинацијата којашто е најефикасното оружје во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1668077
Претседателот Ердоган: Во вакцинацијата против Ковид-19 ја надминавме бројката од 50 милиони дози

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во споделената објава на својот профил на социјлната медија соопшти дека е надмината бројката од 50 милиони дози во вакцинацијата којашто е најефикасното оружје во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Претседателот Ердоган во објавата го напиша следното: „Хамдолсун (фала му на Бога) надминавме 50 милиони дози во вакцинацијата којашто е нашето најефикасно оружје во борбата против епидемијата на коронавирусот. Нека е аирлија и со среќа. Со нашиот силен здравствен систем, напорите, залагањата и самопожртвуваната работа на нашите здравствени работници и со нашата домашна вакцина 'Турковак' којашто со чувствителноста на нашиот народ наскоро ќе ја ставиме во примена, Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) нашата борба против Ковид-19 ќе продолжи на уште посилен начин. Турција ќе ја водиме кон поздрава иднина.“

Од друга страна, во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција почна да се администрира и третата доза вакцина врз здравствените работници и врз граѓаните на над 50 години.

 

 



Слични вести