Мевлут Чавушоглу во Лефкоша примен кај претседателот на Турската Република Северен Кипар Ерсин Татар

„Европската унија и Обединетите нации треба да го фрлат неопходниот чекор по прашањето на правичното споделување (на изворите). Во спротивно ние го фрливме и ќе го фрлиме потребниот чекор“ - рече министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

1668261
Мевлут Чавушоглу во Лефкоша примен кај претседателот на Турската Република Северен Кипар Ерсин Татар

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на својата работна посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) беше примен кај претседателот Ерсин Татар со кого потоа одржаа и заедничка прес-конференција.

Чавушоглу во оваа пригода го рече следното: „Овој менталитет којшто кипарскиот турски народ го смета за малцинство и ние веќе го игнорираме (сметаме за ништовен). Предлогот на нашиот почитуван претседател Реџеп Тајјип Ердоган за регионална конференција сѐ уште стои на маса. На маса се наоѓаат и предлозите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) по прашањето на правичното споделување на приходите.“

Во врска со назначувањето на специјален претставник на Обединетите нации (ОН) за Кипар, Чавушоглу рече: „Нема задача којашто ќе ја исполнува специјалниот претставник. Затоа ние моментално идејата за назначување специјален претставник не ја сметаме за правилна.“

„Европската унија (ЕУ) и Обединетите нации (ОН) треба да го фрлат неопходниот чекор по прашањето на правичното споделување (на изворите). Во спротивно ние го фрливме и ќе го фрлиме потребниот чекор.“ - порача министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар пак, го рече следното: „Турција е гаранторска земја, има права коишто доаѓаат од историјата. Истовремено е нашата татковина. Таа е најголемата и најсилната земја во овој регион. Дојде и поминува времето кипарските Грци да делуваат според вистините на Кипар.“

 



Слични вести