Ердоган: Нашата борба против насилството врз жената нема да заврши со повлекување од Истанбулската конвенција

Претседателот Ердоган рече: „Нашата борба против насилството врз жената онака како што не започна со Истанбулската конвенција нема и да заврши со повлекувањето од оваа конвенција“

1668206
Ердоган: Нашата борба против насилството врз жената нема да заврши со повлекување од Истанбулската конвенција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска учестуваше на промотивниот состанок на 4. Национален акционен план за борба против насилството врз жената.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде го рече следното: „Нашата борба против насилството врз жената  онака како што не започна со Истанбулската конвенција, нема и да заврши со повлекувањето од оваа конвенција. Онака како што водевме борба против насилството врз жената досега, ќе ја продолжиме борбата ѝ денеска ѝ утре (во иднина).“

Велејќи дека насилството против жената треба да се разгледа со искреност и објективност, Ердоган рече: „Со нашиот нов акционен план уште повеќе ја зајакнуваме борбата. Ќе продолжиме да ги преземаме сите видови потребни законски и административни мерки во рамките на променливите услови и потребите коишто се појавуваат.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „Првата цел на 4. Национален акционен план за борба против насилството врз жената ја утврдивме како преразгледување на легислативата на борбата против насилството и нејзино ефикасно применување. Главната цел на нашиот акционен план е да се подигне свеста во правец на влијаење, променување и зголемување на чувствителноста во начинот на поглед кон насилството.“  

 



Слични вести