Чавушоглу: „Во Сирија ќе продолжиме да соработуваме со Русија“

Моментално најкорисен механизам за Сирија е процесот Астана

1667764
Чавушоглу: „Во Сирија ќе продолжиме да соработуваме со Русија“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Турција, во Сирија ќе продолжи да соработува со Русија.

Чавушоглу во Анталија одржа заедничка прес-конференција со рускиот колега Сергеј Лавров, кој во Турција дојде на негова покана.

Министерот Чавушоглу рече дека на средбата биле разгледани билатералните односи со Русија, како и регионалните прашања, а на дневен ред биле изнесени случувањата во Сирија, Либија, Авганистан и Карабах.

Чавушоглу рече: „Разговаравме за Сирија, направивме проценка на најновата состојба во Либија. Разговаравме и за развојот на настаните во Авганистан. Денес беше повторно беше едно од нашите регионални прашања. Ние ќе продолжиме да соработуваме со Русија за политичкиот процес во Сирија, за продолжување на мирот на теренот. Моментално најкорисен механизам за Сирија е процесот Астана“.

Во освртот на Либија, Мевлут Чавушоглу рече:

„Во Либија, политичкото единство на земјата, како и нејзиниот територијален интегритет е приоритет за кој сите се согласуваме“.

Министерот Чавушоглу во врска со сертификатите за вакцини со Русија против новиот вид коронавирус (Ковид-19) рече:

„Турција и го пренесе својот предлог на Русија за взаемно признавање на нашите сертификати за вакцини“.

Одговарајќи на прашањето за Канал Истанбул во делот посветен на прашања и одговори, Чавушоглу рече:

„Бродскиот сообраќај во Босфор моментално претставува сериозен ризик. Ниту Канал Истанбул има влијание врз Договорот од Монтре, ниту Договорот од Монтре има влијание врз Канал Истанбул“.

Рускиот министер за надворешни работи Лавров изјави дека ќе продолжат да соработуваат со Турција за продолжување на туризмот и во тој контекст рече:

„Нашите граѓани, Анталија ја гледаат како привлечна дестинација. Ние ќе продолжиме да соработуваме за продолжување на овој туризам и во иднина“.

„Задоволни сме од интеракцијата со нашите турски пријатели и колеги во врска со спроведувањето на Договорот од Монтре“ рече Лавров и додаде:

„Изградбата на истанбулскиот канал на кој било начин нема да отвори пат за сместување на странски воени единици“.

Лавров рече дека ги ценат активностите на заедничкиот команден центар во Азербејџан.

„Ние сакаме страните да се помират и Ерменците и Азербејџанците да продолжат со своето постоење како добри соседи на оваа земја“.

Рускиот министер за надворешни работи Лавров во својот говор, исто така изјави дека пратката и копродукцијата на вакцината Спутник В во Турција е важна за заедничката борба против епидемијата.



Слични вести