Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 45 лица, регистрирани се 5.496 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 45 лицa, направени се 228.163 тестирањa од кои се регистрирани 522 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.496 лица

1667724
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 45 лица, регистрирани се 5.496 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 45 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 49.732. 

Во изминатите 24 часа се направени 228.163 тестирања од кои се дијагностицирани 522 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.496.

Заврши лекувањето на уште 7.191 лице со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 294 илјади 285 лица.

Од друга страна, министерот за здравство Фахреттин Коџа во дадената изјава по состанокот на Научниот совет за коронавирусот што се одржа вчера, го рече следното: „Нашите граѓани кои се вакцинирале со двете дози вакцина над 50 години и нашите здравствени работници почнувајќи од утре ќе можат да добијат термини за вакцинирање со третата доза вакцина со вакцината со која сакаат да се вакцинираат.“

„Лицата кои ја прележале болеста (Ковид-19) имаа право да се вакцинираат по изминати 6 месеци, додека од денеска овој рок е намален на 3 месеци. Под светлината на новите добиени податоци нашите граѓани кои ја примиле првата доза вакцина БиоНТек за втората доза вакцина ќе можат да закажат термин за вакцинација со временско растојание од 4 недели (наместо 6 недели како што беше досега).“ - истакна министерот за здравство Фахреттин Коџа.

Од друга страна, во борбата на Турција против Ковид-19 според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со денеска 01 јули 2021 година, четврток во 01:15 часот (по турско време) бројот на администрираните вакцини против Ковид-19, достигна до вкупно 49 милиони 767 илјади 688 дози од кои 34 милиони 677 илјади 108 лица се вакцинирани со првата доза, а 15 милиони 090 илјади 580 лица по првата доза ја примија и втората доза вакцина.

 



Слични вести