Потпретседателот Фуат Октај го посети историскиот град Семерканд, во Узбекистан

Потпретседателот Фуат Октај за време на посетата на историскиот град Семерканд беше придружуван од заменик премиерот на Узбекистан Сердар Умурзаков и делегацијата во негова придружба

1667082
Потпретседателот Фуат Октај го посети историскиот град Семерканд, во Узбекистан

Потпретседателот Фуат Октај кој престојува во посета на Узбекистан по остварените средби и разговори во главниот град Ташкент, го посети историскиот град Семерканд.

Октај за време на посетата беше придружуван од заменик премиерот на Узбекистан Сердар Умурзаков и делегацијата во негова придружба.

Фуат Октај ги прошета опсерваторијата Улуг Беј и музејот, како и комплексот Шах-и Зинда т.е. Живиот крал.

Потоа Октај го прошета градбениот простор на местото кадешто се наоѓа турбето на Имам Бухари и овде беше информиран во врска со градбените активности.

Октај го посети и Меѓународниот универзитет за туризам Патот на свилата кадешто го прошета и музејот кадешто се изложуваат традиционални носии на различни култури кои се наоѓаат на Патот на свилата.

Фуат Октај потоа го посети куллијето (комплексот од градби) „Гур-и Емир“ кадешто се наоѓа турбето т.е. гробот на Емирот Тимур (Тамерлан) кој се оценува за еден од најголемите освојувачи во историјата.

По посетата и на плоштадот Регистан и медресите Улуг Беј и Тилла Кари во Семерканд, потпретседателот Фуат Октај оттука замина во посета на еден друг историски град Бухара.



Слични вести