Министерот за здравство Фахреттин Коџа: 24 отсто од населението на 18 години и нагоре е вакцинирано

Министерот Фахреттин Коџа: „Реализирана е вакцинацијата на еден од секои 4 лица. Бројот на лицата кои примија две дози вакцини денеска (вчера) до пладневните часови достигна до 15 милиони. 25 отсто од нашето население на 18 години и нагоре е вакцинирано.“

1667072
Министерот за здравство Фахреттин Коџа: 24 отсто од населението на 18 години и нагоре е вакцинирано

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во дадената изјава за новинарите вчера во Анкара истакна дека делта варијантата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е забележана во 26 градови во Турција.

Коџа рече: „Делта плус ја нема, но делта варијантата расте. Говорев за 138 пациенти со утврдени низи, моментално оваа бројка се зголеми на 224. Делта варијантата којашто беше забележана во 16 градови моментално е забележана во 26 градови. Делта варијанта е регистрирана кај 224 лица од кои претежно во Истанбул. 134 од нив се во Истанбул.“

Министерот Фахреттин Коџа воедно и во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер вчера, го напиша следното: „Реализирана е вакцинацијата на еден од секои 4 лица. Бројот на лицата кои примија две дози вакцини денеска (вчера) до пладневните часови достигна до 15 милиони. 25 отсто од нашето население на 18 години и нагоре е вакцинирано. Зголемувањето на нашата сила против епидемијата е поврзано со зголемувањето на овој процент. Да се вакцинираме.“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа исто така информира дека спортските натпревари во Турција ќе можат да се играат со одреден број навивачи.  



Слични вести