Исмаил Демир: Некои производи на „РОКЕТСАН“ ќе бидат извезени во Бангладеш

Претседателот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир соопшти дека некои производи на компанијата „РОКЕТСАН“ (Акционерско друштво за ракетна индустрија и трговија) ​​ќе бидат извезени во Бангладеш

1667076
Исмаил Демир: Некои производи на „РОКЕТСАН“ ќе бидат извезени во Бангладеш

Претседателот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека турската одбранбена индустрија продолжува да му ги нуди своите можности и капацитети на целиот свет.

Демир информира дека некои производи на компанијата „РОКЕТСАН“ (Акционерско друштво за ракетна индустрија и трговија) ​​ќе бидат извезени во Бангладеш.

„Во рамките на меморандумите за соработка помеѓу двете влади (G2G) коишто ги потпишавме со Бангладеш, е реализиран договор за извоз на разни производи на РОКЕТСАН. Нема застанување, го продолжуваме нашиот пат напред.“ - напиша претседателот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

 



Слични вести