Денеска е последен ден од заедничката турско-азербејџанска воена вежба „Мустафа Кемал Ататурк 2021“

Денеска е последниот ден од заедничката воена вежба на Вооружените сили на Турција и Азербејџан која се реализира под името „Мустафа Кемал Ататурк 2021“

1667370
Денеска е последен ден од заедничката турско-азербејџанска воена вежба „Мустафа Кемал Ататурк 2021“

Продолжува заедничката воена вежба на Вооружените сили на Турција и Азербејџан којашто се одржува под името ,,Мустафа Кемал Ататурк 2021", а која е планирана во рамките на воената соработка помеѓу двете земји.

На воената вежба којашто ќе заврши денеска учествуваат 600 војници, приближно 40 тенкови и оклопни возила, приближно 20 топови, 7 воени хеликоптери и транспортни хеликоптери, 50 возила и беспилотни летала.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека основна цел на заедничката воена вежба „Мустафа Кемал Ататурк 2021“ е да се извежба интеракцијата на армиите на двете земји за време на борбените операции и да се подобрат вештините на командантите за одлучување и управување, како и да се реализираат различни воени задачи.

 



Слични вести