Чавушоглу: Г-20 треба да одигра предводничка улога во борбата против Ковид-19

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во италијанскиот град Матера истакна дека Г-20 треба да одигра предводничка улога во борбата против Ковид-19

1666971
Чавушоглу: Г-20 треба да одигра предводничка улога во борбата против Ковид-19

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во историскиот град Матера во Италија, земјата претседавач со Г-20 учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со говорот што го одржа на состанокот истакна дека Г-20 треба да одигра предводничка улога во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Чавушоглу рече: "Ги поддржуваме напорите за одржлив, сеопфатен (инклузивен) и здрав глобален развој. Г-20 треба да одигра предводничка улога во борбата против епидемијата. Вакцината треба да биде основа за соработка, а не за конкуренција. Не можеме да останеме бесчувствителни пред ситуацијата во Африка."

Во меѓувреме, по состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 се премина на заедничкиот состанок на министрите за надворешни работи и развој.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 оствари и низа билатерални средби и разговори со некои свои колеги.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека се состана со британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб со кого разговараа за односите помеѓу Турција и Велика Британија и за регионални прашања вклучувајќи ги и Сирија и Либија.

Мевлут Чавушоглу во една своја друга споделена објава информира дека се состанал и со аргентинскиот министер за надворешни работи Сола со кого разговарале за политички и економски односи.

Според добиени информации од дипломатски извори, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу освен тоа оствари куси разговори и со американскиот државен секретар Антони Блинкен, нигерскиот министер за надворешни работи Хасуми Масудо, алжирскиот министер за надворешни работи Сабри Букадум и министерот за надворешни работи Винсент Бирута.

 



Слични вести