Аеродромот Истанбул за 3 дена беше домаќин на над 100 илјади патници

Подготвени сме на најдобар можен начин да ги пречекаме сите наши гости кои прават планови за патување

1666602
Аеродромот Истанбул за 3 дена беше домаќин на над 100 илјади патници

 

Аеродромот во Истанбул, на 25-26-27 јуни, беше домаќин на над 100 илјади патници и ги доживеа најпрометните денови во новиот епидемиски период на коронавирус (Ковид-19).

Во соопштението објавено на профилите на социјалните мрежи на операторот на аеродромот во Истанбул ИГА (Голем аеродром во Истанбул), беше истакнато следното:

„На 25-26-27 јуни ги доживеавме најпрометните денови од пандемискиот период со тоа што бевме домаќини на повеќе од 100 илјади патници дневно. Благодарение на хигиенските мерки што ги презедовме, подготвени сме на најдобар можен начин да ги пречекаме сите наши гости кои прават планови за патување“.



Слични вести