Во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи на ПКК/ЈПГ

Министерството за национална одбрана (МНО) соопшти дека во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1665700
Во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи на ПКК/ЈПГ

Во северниот дел на Сирија се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) се истакнува следното: „Нема премин за тероризмот и терористите. Нашите јуначки командоси кои се гаранција за спокојството и безбедноста неутрализираа тројца терористи на ПКК/ЈПГ од кои двајца во подрачјето на операцијата Извор на мирот и еден во подрачјето на операцијата Еуфратски штит кои се подготвувале да извршат напад.“

Претходно беше соопштено дека тројца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК се неутрализирани и во областа Гара во северниот дел на Ирак.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) беше истакнато следното: „Продолжуваме ефикасно да ги погодуваме терористичките цели во северниот дел на Ирак. Со реализирана воздушна операција од страна на нашите Воздушни сили се неутрализирани тројца терористи на ПКК утврдени во Гара.“

 



Слични вести