Турција од 1 јули во четврток преминува во трета фаза од периодот за постепена нормализација

ТурцМинистерството за внатрешни работи објави циркулар во врска со третата фаза од периодот за постепена нормализација којшто е испратен до губерниите на 81 округ град во земјата

1665738
Турција од 1 јули во четврток преминува во трета фаза од периодот за постепена нормализација

Турција оваа недела, почнувајќи од 1 јули, во четврток, преминува во трета фаза од периодот за постепена нормализација.

Министерството за внатрешни работи објави циркулар во врска со третата фаза од периодот за постепена нормализација којшто е испратен до губерниите на 81 округ град во земјата.

Според тоа, на 1 јули во четврток ќе бидат укинати ограничувањата за движење т.е. излегување на улица и патување меѓу градови.

Сите работни места и кино салите кои беа затворени во рамките на преземените мерки за спречување на ширењето на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) почнувајќи од 1 јули, во четврток ќе бидат повторно отворени.

Сите работни места ќе можат да работат според нивното утврдено работно време.

Во рамките на борбата против коронавирусот ќе бидат укинати и ограничувањата и преземените мерки во гостилниците и другите постројки за сместување, под услов да продолжат да се применуваат правилата за хигиена, носење маски и физичко растојание. 

Нема да има ограничување во бројот на лицата кои ќе можат да се наоѓаат во рестораните и другите угостителски објекти во ист момент.

Ќе бидат укинати ограничувањата за бројот на учесници на веридби, свадби и други свечености на отворено и во затворени простории, ќе може да се служи јадење и пиење.

Ќе биде дозволено да се организираат и приредуваат концерти, фестивали, младински кампови и други манифестации под услов да се применуваат правилата за заштита од коронавирусот.

Согласно воведената трета фаза од периодот за постепена нормализација се укинува карантинот т.е. изолацијата за лицата кои ќе доаѓаат во Турција од земји како што се Бангладеш, Бразил, Јужна Африка, Индија, Непал и Шри Ланка како и за лицата кои во последните 14 дена престојувале во овие наведени земји. Ќе биде доволно овие лица да приложат извештај за негативен ПЦР (PCR) тест направен 72 часа пред да влезат во Турција.

Рокот на применување карантин т.е. изолација за лицата кои ќе доаѓаат во Турција од Авганистан и Пакистан како и за лицата кои престојувале во овие земји во последните 14 дена, ќе биде намален на 10 дена. Доколку се добие негативен ПЦР (PCR) тест во 7-от ден од карантинот т.е. изолацијата оваа мерка ќе биде укината. Доколку пак се добие позитивен ПЦР (PCR) тест ќе се постапува во правец на прописите за Ковид-19 на Министерството за здравство.

 



Слични вести