Претседателот Ердоган го стави во функција новиот комуникациски сателит „Турксат 5А“

Претседателот Ердоган денеска во кампусот Ѓолбаши во Анкара свечено го стави во функција новиот комуникациски сателит на Турција „Турксат 5А“ („Türksat 5A“)

1666266
Претседателот Ердоган го стави во функција новиот комуникациски сателит „Турксат 5А“
Cumhurbaşkanı Erdoğan TÜRKSAT 5A Uydusu Hizmete Alma Töreni1.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan TÜRKSAT 5A Uydusu Hizmete Alma Töreni2.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во кампусот Ѓолбаши во Анкара  учествуваше на церемонијата на свечено ставање во функција на сателитот „Турксат 5А“ („Türksat 5A“).

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде, го рече следното „Продолжуваат тестирањата на нашиот сателит 'Турксат 5Б'  ('Türksat 5B') чии фази на дизајнирање и производство се завршени. Нашата цел е овој наш сателит да го лансираме во вселената во последниот квартал на годината. Капацитетот на носење корисен товар на 'Турксат 5Б' ќе биде поголем од сите досегашни сателити и со неговото стапување во функција нашиот капацитет на комуникациски податоци ќе се зголеми за 15 пати.“

Тој рече: „Го произведовме нашиот сателит 'Турксат 6А' ('Türksat 6A'), овој наш сателит кој е дојден во фаза на тестирање планираме да го лансираме во вселената наредната година. На тој начин Турција ќе влезе меѓу 10-те земји во светот кои можат да произведуваат комуникациски сателити.“

Велејќи дека ќе ја поддржат иноватиноста базирана на податоци, ќе го развијат капацитетот за производство на национална технологија и во иднина ќе ги споделат и стратешките активности коишто ќе овозможат да се постигне напредок во вештачката интелигенција, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното: „Со свесност дека вистинските големи закани ќе дојдат и од сајбер просторот, ќе формираме силен механизам за сајбер одбрана.“

 

 



Слични вести