Чавушоглу во Рим се состана со своите канадски и литвански колеги, Гарно и Ландсбергис

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Рим кадешто престојува за состанокот на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ се состана со своите канадски и литвански колеги, Марк Гарно и Габриелиус Ландсбергис

1665889
Чавушоглу во Рим се состана со своите канадски и литвански колеги, Гарно и Ландсбергис

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на Италија кадешто денеска во главниот град Рим ќе учествува на состанокот на меѓународната коалиција за борба против терористичката организација ДЕАШ.

Во тие рамки, министерот Чавушоглу се состана со канадскиот министер за надворешни работи Марк Гарно и со литванскот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по учеството на состанокот на меѓународната коалиција за борба против терористичката организација ДЕАШ што ќе се одржи денеска во Рим ќе учествува и на министерскиот состанок со органичено учество посветен на Сирија, а потоа утре на 29 јуни, во вторник,  ќе учествува и на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Групата Г-20 чиј домаќин на биде градот Матера.



Слични вести