Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 52 лица, регистрирани се 4.883 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 52 лицa, направени се 215.294 тестирањa од кои се регистрирани 390 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 4.883 лица

1665660
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 52 лица, регистрирани се 4.883 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 52 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 49.576. 

Во изминатите 24 часа се направени 215.294 тестирања од кои се дијагностицирани 390 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 4.883 лица.

Заврши лекувањето на уште 5.937 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 275 илјади 231 лице.

Во меѓувреме, министерот за здравство Фахреттин Коџа во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека вкупниот број на администрирани вакцини против Ковид-19 во Турција денеска на 27 јуни 2021 година, недела, заклучно со 18:10 часот (по турско време) изнесува над 47 милиони дози.

Министерот Коџа го напиша следното: „Вкупниот број на администрираните вакцини до денеска во 18:10 часот надмина 47 милиони. 54 отсто од нашето население над 18 години ја има примено најмалку првата доза вакцина.“ 

Од друга страна, во борбата на Турција против Ковид-19 според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со денеска 27 јуни 2021 година, недела, во 22:45 часот (по турско време) бројот на администрираните вакцини против Ковид-19 во Турција достигна до вкупно 47 милиони 339 илјади 008 дози од кои 32 милиони 464 илјади 281 лице се вакцинирани со првата доза, а 14 милиони 874 илјади 727 лица по првата доза ја примија и втората доза вакцина.

 



Слични вести