Тројца терористи им се предадоа на безбедносните сили, двајца терористи се неутрализитани кај Ширнак

Терористи кои избегале од сепаратистичко-терористичката организација ПКК им се предадоа на безбедносните сили, а двајца терористи се неутрализирани во подрачјето Бестлер-Дерелер во населеното место Меркез кај градот Ширнак

1665326
Тројца терористи им се предадоа на безбедносните сили, двајца терористи се неутрализитани кај Ширнак

Уште тројца терористи кои избегале од сепаратистичко-терористичката организација ПКК им се предадоа на безбедносните сили.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, како резултат на активностите за убедување коишто се водат под координација на Министерството тројца терористи на ПКК им се предадоа на безбедносните сили.

Како што е установено, предадените терористи и се приклучиле на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во 2013 и 2015 година и делувале во Сирија и Ирак.

На тој начин бројот на припадниците на терористичката организација кои се предадоа по пат на убедување оваа година се зголеми на 89.

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи соопшти дека двајца терористи на ПКК/КЏК се неутрализирани во подрачјето Бестлер-Дерелер во населеното место Меркез кај градот Ширнак.

Продолжуваат операциите коишто се реализираат во подрачјето во рамките на операцијата „Ерен-13“.



Слични вести