Делегациите на Турција и САД се договорија за продолжување на разговорите за аеродромот во Кабул

Делегациите на Турција и САД на остварените разговори во Министерството за национална одбрана во Анкара се договорија за продолжување на разговорите по прашањето на управување со Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во главниот град на Авганистан, Кабул

1665053
Делегациите на Турција и САД се договорија за продолжување на разговорите за аеродромот во Кабул

Делегациите на Турција и САД постигнаа согласност за продолжување на разговорите за управување со Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул во Авганистан.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана по остварените разговори со делегацијата на Соединетите Американски Држави (САД) во Министерството се истакнува следното: „Беше разговарано за сверите на соработка по прашањето на управување со Меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул, по завршувањето на Мисијата 'Одлична поддршка' {во Авганистан). Страните постигнаа согласност по прашањето на продолжување на разговорите.“

 



Слични вести