Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 51 лице, регистрирани се 5.266 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 51 лице, направени се 222.561 тестирање од кои се регистрирани 470 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.266 лица

1665330
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 51 лице, регистрирани се 5.266 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 51 лице.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 49.524. 

Во изминатите 24 часа се направени 222.561 тестирање од кои се дијагностицирани 470 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.266 лица.

Заврши лекувањето на уште 7.402 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 269 илјади 294 лица.

Во меѓувреме, во борбата на Турција против Ковид-19 според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со денеска 26 јуни 2021 година, сабота, во 23:40 часот (по турско време) бројот на администрираните вакцини против Ковид-19 во Турција достигна до вкупно 46 милиони 948 илјади 755 дози од кои 32 милиони 134 илјади 003 лица се вакцинирани со првата доза, а 14 милиони 814 илјади 752 лица по првата доза ја примија и втората доза вакцина.



Слични вести