Уште 5 терористи им се предадоа на турските безбедносни сили

Министерството за внатрешни работи соопшти дека како резултат на активностите за убедување уште 5 терористи им се предадоа на турските безбедносни сили

1663714
Уште 5 терористи им се предадоа на турските безбедносни сили

Како резултат на активностите за убедување уште 5 мина терористи кои избегале од сепаратистичко-терористичката организација ПКК им се предадоа на безбедносните сили.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатршени работи како резултат на активностите за убедување коишто се водат од страна на Генералната дирекција на полицијата и Командата на жандармеријата под координација на Министерството, 5 терористи кои избегале од сепаратистичко-терористичката организација ПКК им се предадоа на безбедносните сили.

Како што е установено предадените терористи и се приклучиле на терористичката организација во периодот од 2009 до 2015 година и делувале во Сирија, Ирак и Иран.

На тој начин бројот на терористите кои се предадоа како резултат на активностите за убедување во текот на оваа година се зголеми на 86.

 



Слични вести