Меркел: Набрзина треба да биде ставена во примена агендата за дијалог со Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека за унапредување на соработката над заедничките интереси во Евроопската унија (ЕУ) набрзина треба да биде ставена во примена агендата за дијалог со Турција

1663942
Меркел: Набрзина треба да биде ставена во примена агендата за дијалог со Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел во говорот што го одржа во Федералниот Парламент, Бундестагот, пред Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) посака Европскиот совет и Европската комисија да достават предлози за фрлање на чекори за воспоставување на партнерства со клучните земји по прашањето на миграцијата.

Меркел рече дека за унапредување на соработката над заедничките интереси во Евроопската унија (ЕУ) набрзина треба да биде ставена во примена агендата за дијалог со Турција.

Велејќи дека освен тоа на самитот очекуваат од Европската комисија (ЕК)да поднесе конкретен предлог за продолжување на финансирањето на соработката на Европската унија (ЕУ) со Турција по прашањето на миграцијата, Меркел потсети дека во Турција се регистрирани 3,7 милиони Сиријци.

„Отворено е дека актуелните и идните миграциски проблеми би можеле да се решат само во дијалог со Турција. Како што се договоривме во месец март, за унапредување на нашата соработка како ЕУ над заедничките интереси сега набрзина треба да ја ставиме во примена агендата за дијалог со Турција.“ - порача германската канцеларка Ангела Меркел.

 



Слични вести