Чавушоглу: Турција ќе продолжи да дава поддршка на мирот, безбедноста, стабилноста и сувереноста на Либија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека на 2. Берлинска Конференција за Либија нагласи дека Турција ќе продолжи да дава поддршка на мирот, безбедноста, стабилноста и сувереноста на Либија

1663658
Чавушоглу: Турција ќе продолжи да дава поддршка на мирот, безбедноста, стабилноста и сувереноста на Либија
Mevlüt Çavuşoğlu İkinci Berlin Konferansı Libya1.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека учествуваше на 2. Берлинска Конференција за Либија што се одржа вчера во главниот град на Германија, Берлин, во копретседателство на Обединетите нации (ОН) и Германија.

Чавушоглу истакна дека на 2. Берлинска Конференција за Либија нагласи дека Турција ќе продолжи да дава поддршка на мирот, безбедноста, стабилноста и сувереноста на Либија.

На 2. Берлинска Конференција за Либија што се одржа вчера под покровителство на Обединетите нации (ОН) и Германија и со учество на меѓународни актери меѓу кои и Турција, беше разговарано за прашања посветени на стабилноста и безбедноста на Либија.

На 2. Берлинска Конференција за Либија од која првата се одржа на 19 јануари 2020 година со цел изнаоѓање политичко решение за либиската криза, учествуваа претседателот на Претседателскиот совет на Либија Мухамед ал-Менфи и премиерот Абдулхамид Дибејбе, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министри за надворшени работи на други земји. 
 



Слични вести