Шентоп оствари средба со претседателот на собранието на Црна Гора

Посетите на високо ниво меѓу земјите одиграа конструктивен придонес во развојот на односите

1662940
Шентоп оствари средба со претседателот на собранието на Црна Гора

 

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп оствари средба со претседателот на црногорскиот парламент Алекса Бечиќ.

Шентоп имаше билатерална средба со Бечиќ, кој присуствуваше на 8-то Генерално собрание на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што се одржа во Анталија.

Наведувајќи дека Турција има заедничка историја и култура со Црна Гора, Шентоп рече дека посетите на високо ниво меѓу земјите одиграа конструктивен придонес во развојот на односите.

Шентоп истакна дека во периодот на епидемијата на новиот вид на коронавирус, Турција покажа значајна солидарност со Црна Гора, како и со другите земји.

„Црна Гора, со својата мултикултурна и етничка структура, е пријателска земја за нас која придонесува за мирот и стабилноста на Југоисточна Европа. Ние внимателно ги следиме случувањата во земјата во која живеат нашите пријатели и роднини, на кои им придаваме значење на мирот, просперитет и стабилност“.



Слични вести