Октај: Мораме заедно да ја изградиме Турската Република Северен Кипар која ќе стои на сопствени нозе

Потпретседателот Фуат Октај на одржаната заедничка прес-конференција со премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер рече: „Мораме заедно да ја изградиме Турската Република Северен Кипар која ќе стои на сопствени нозе“

1663579
Октај: Мораме заедно да ја изградиме Турската Република Северен Кипар која ќе стои на сопствени нозе

Потпретседателот Фуат Октај во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара одржа заедничка прес-конференција со премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер. 

Овде потпретседателот Октај истакна дека ќе продолжи поддршката на Турција на проектите коишто продолжуваат во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и го рече следното: „Мораме заедно да го изградиме Северен Кипар кој ќе застане на сопствени нозе и ќе произведува.“

Фуат Октај информира дека со премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер размениле детални мислења во однос на сите проекти коишто се водат во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и случувањата во политичката, економската и културната сфера.

Велејќи дека средбата поминала крајно корисно, Октај рече дека ќе продолжи поддршката на Турција на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Октај потсети дека инструкциите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се јасни по прашањето на поддршката и придонесот на Турција кон Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

„Мораме заедно да го изградиме Северен Кипар кој ќе стои на сопствени нозе и ќе произведува. Ќе работиме заедно и за изградба и формирање на силната држава Турска Република Северен Кипар (ТРСК) која особено ќе се потпира на сувереност и еднаквост, ќе може да ги вади своите извори, да произведува и да ги брани сопствените права.“ - порача потпретседателот Фуат Октај на одржаната заедничка прес-конференција со премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер, вчера во Анкара.

 



Слични вести