Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 65 лица, регистрирани се 5.809 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 65 лица, направени се 224.192 тестирања од кои се регистрирани 550 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.809 лица

1663551
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 65 лица, регистрирани се 5.809 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 65 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 49.358. 

Во изминатите 24 часа се направени 224.192 тестирања од кои се дијагностицирани 550 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.809 лица.

Заврши лекувањето на уште 5.917 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 248 илјади 862 лица.

Во меѓувреме, министерот за здравство Фахреттин Коџа во дадената изјава по состанокот на Научниот совет за коронавирусот истакна дека почнувајќи од петокот ќе бидат закажани термини за вакцинирање на секое лице кое има наполнето 18 години. 

Коџа, во врска со делта варијантата на новиот тип коронавирусот (Ковид-19) го рече следното: „Делта плус не е регистрирана во нашата земја. Во врска со делта варијантата имаме 134 случаи. Забележана е во 16 наши градови. Претежно е заблежана во Истанбул.“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека кај делта варијантата поефикасни се две дози вакцини и дека во наредниот период периодот од 6 недели помеѓу двете дози вакцини може да се повлече на 4 недели.

 



Слични вести