Акар: Вложуваме напори за безбедноста и просперитетот на нашите авганистански браќа

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Ги продолжуваме нашите контакти по прашањето на тоа дали ќе го продолжиме или не нашето присуство таму (во Авганистан). Сѐ за безбедноста и просперитетот на авганистанскиот народ.“

1663506
Акар: Вложуваме напори за безбедноста и просперитетот на нашите авганистански браќа

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во дадената изјава во Анкара истакна дека утре во Турција ќе допатува техничка делегација од Соединетите Американски Држави (САД) за разгледување на активностите во однос на работите со Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, главниот град на Авганистан.

Акар рече: „Ги продолжуваме нашите контакти по прашањето на тоа дали ќе го продолжиме или не нашето присуство таму (во Авганистан). Сѐ за безбедноста и просперитетот на авганистанскиот народ. Ние со Авганистан имаме историски, културни односи коишто се потпираат на стотици години. Авганистанскиот народ е нашиот брат. Ние во изминатите 20 години со другите земји, заедно направивме се што е во наша можност, го вложивме секој вид напор, за спокојството, мирот, безбедноста на нашите тамошни браќа. Особено и во последните 6 години направивме се што е во наши раце, го покажавме секој вид напор по прашањето на функционирањето, обезбедувањето на техничка поддршка за Меѓународниот аеродром Хамид Карзаи.“

Нагласувајќи го значењето на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул во бројни сфери, Хулуси Акар продолжи со следните зборови: „Функционирањето на оваа точка ќе биде во полза на нашите авганистански браќа. Во оваа смисла ги продолжуваат своите активности и различни земји. И ние, дури и во моментов, како земја која таму стопанисува ги подолжуваме нашите контакти со различни земји. Во тие рамки утре ќе имаме средба и со Американците. Тие испратија овде делегација. Она коешто се обидуваме да го направиме со тоа, е што би можеле да направиме за да би придонесле за безбедноста и просперитетот на нашите авганистански браќа таму, сме во потрага по тоа. Откако во наредниот период ќе бидат завршени овие работи конечно ќе бидат преземени неопходните мерки, ќе бидат претворени во план.“

Освен тоа, Акар истакна дека ги следат изјавите коишто пристигнуваат во врска со отворените предупредувачки истрели денеска во Црното Море од страна на руски воен брод врз британскиот розорувач „ХМС Дефендер“ („HMS Defender“).

Укажувајќи дека постојат различни изјави, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Која е вистината во оваа работа која не е, нашите другари ги продолжуваат своите работи. Во наредните денови ова прашање ќе биде подобро разјаснето. Ги следиме случувањата.“



Слични вести