Претседателот Ердоган разговараше телефонски со претседателката на Европската комисија Лејен

Претседателот Ердоган разговараше телефонски со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен кадешто меѓу другото истакна од одамна измина времето за ставање во примена на позитивната агенда со Турција

1662310
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со претседателката на Европската комисија Лејен

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен.

Ердоган во разговорот истакна дека Турција прави повеќе и од потребното што и се паѓа нејзе (за членството во Европската унија), дека сега е на ред да фрли конкретен чекор Европската унија (ЕУ) и дека од одамна измина времето за ставање во примена на позитивната агенда со Турција.

Освен тоа, Ердоган нагласи дека што поскоро и без предуслови треба да се започне со преговорите за ажурирање на Царинската унија меѓу Турција и Европската унија (ЕУ). 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во остварениот телефонски разговор со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен, исто така рече дека турскиот народ долго време ја чека и визната либерализација (патувањето без виза во земјите на ЕУ) и дека треба да биде ставен во примена со сите негови елементи со зајакнување на Договорот од 18 март (за враќање на мигрантите).

 



Слични вести