Мустафа Шентоп: Имаме за цел да бидат зајакнати соработката и дијалогот во Југоисточна Европа

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека се има за цел да бидат зајакнати соработката и дијалогот во Југоисточна Европа

1662885
Мустафа Шентоп: Имаме за цел да бидат зајакнати соработката и дијалогот во Југоисточна Европа
Güneydoğu Avrupa İş Birliği Süreci Parlamenter Asamblesi (GDAÜPA) 8. Genel Kurul Toplantısı2.jpg
Güneydoğu Avrupa İş Birliği Süreci Parlamenter Asamblesi (GDAÜPA) 8. Genel Kurul Toplantısı3.jpg
Güneydoğu Avrupa İş Birliği Süreci Parlamenter Asamblesi (GDAÜPA) 8. Genel Kurul Toplantısı4.jpg

Во туристичкиот центар Белек во Анталија се одржа 8. состанок на Генералното собрание на Парламентарната асамблеја на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПА ПСЈИЕ), под претседателство на Турција.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во говорот што го одржа на отворањето на состанокот истакна дека се има за цел да бидат зајакнати соработката и дијалогот во регионот.

Шентоп рече: „Нашата цел е да ги развиеме стабилноста, довербата и соработката во нашиот регион, и со тоа да обезбедиме да се стекне со силна иднина Југоисточна Европа.“

Тој напомена дека споделувањето на знаења и искуства во сферата на туризмот како еден од секторите кои го сочинуваат 'рбетот на економијата во регионот.

Шентоп посака 8. состанок на Генералното собрание на Парламентарната асамблеја на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПА ПСЈИЕ) чиј претседавач е Турција да ја отвори вратата кон еден нов ефикасен и породуктивен период од аспект на заедничките активности и го рече следното: „Имаме за цел да ги зајакнеме соработката и дијалогот во регионот. Како Парламенти од регионот, во рамките на добрососедските односи, делуваме со исто сфаќање и иста одговорност и во парламентарната дмензија на овој процес на соработка којшто создава атмосфера на дијалог дури и до најчувствителните периоди.“

Велејќи дека при утврдување на приоритетите на претседателствувањето се земени за основа принципите „инклузивност“ и „регионално присвојување“ како основни принципи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Шентоп информира дека во тие рамки со чувствителност се стоеше на развивање на механизми на соработка специфични за регионот.

Мустафа Шентоп истакна дека како претседавач и земја која низ вековите била домаќин на мирот и спокојството на општества со различни верувања и култури, беа водени напори за развивање на заедничка визија на основа на човечките вредности пред глобалните предизвици како што се непријателството кон странците, непријателството кон ислаот и антимигрантството кои се во подем во светски димензии.

Привлекувајќи внимание дека Турција ги исполни сите видови одговорности коишто и се паѓаа за справување со овие предизвици, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп ја изнесе следната констатација: „Нашата цел е да ги развиеме стабилноста, довербата и соработката во нашиот регион, и со тоа да обезбедиме да се стекне со силна иднина Југоисточна Европа за која имаме за цел да се споменува по спокојството, просперитетот и пријателските односи.“

 



Слични вести