Министерот за здравство Коџа: Закажувањето термини за вакцинација во Турција сведено на 25 години

Министерот за здравство Фахреттин Коџа на својот профил на Твитер напиша: „Старосната граница во закажувањето на термини за вакцинација е сведена на 25 години. Закажувањето термини од утре. Младите да стапат во акција против епидемијата.“

1662548
Министерот за здравство Коџа: Закажувањето термини за вакцинација во Турција сведено на 25 години

Министерот за здравство Фахреттин Коџа соопшти дека закажувањето на термини за вакцинација против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција старосната граница е сведена на 25 години и дека лицата на овие години почнувајќи од утре ќе можат да добиваат термин за вакцинација.

Министерот Коџа во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Старосната граница во закажувањето на термини за вакцинација е сведена на 25 години. Закажувањето термини од утре. Младите да стапат во акција против епидемијата.“

Од друга страна, министерот за здравство Фахреттин Коџа на својот профил на социјалната мрежа Твитер го сподели и извештајот за вакцинација за 21 јуни 2021 година, понеделник.

Коџа напиша: „За премин кон живот во нормала се администрирани уште 1 милион 195 илјади 426 дози вакцини.“



Слични вести