Меркел и Драги се изјаснија за обновување на договорот за миграција меѓу ЕУ и Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Марио Драги истакнаа дека се на страната на обновување на договорот за миграција меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција

1662312
Меркел и Драги се изјаснија за обновување на договорот за миграција меѓу ЕУ и Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Марио Драги пред средбата што ќе ја остварат во Берлин одржаа заедничка прес-конференција.

Меркел и Драги истакнаа дека се на страната на обновување на договорот за миграција што беше потпишан меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција.

Одговарајќи на прашањето „Дали на Лидерскиот самит на ЕУ ќе вложувате напори за наново преговарање по брза постапка на договорот за миграција со Турција?“, германската канцеларка Ангела Меркел потсети дека на Самитот ќе бидат разгледани односите со Турција.

Меркел укажа на тоа дека Турција згрижува голем број бегалци и дека  располага со правото да очекува и поддршка.

Велејќи „Треба да отвориме перспектива во однос на тоа како ќе  се продолжи понатаму“, Меркел истакна дека поради тоа прашањето ќе биде разгледано на Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) што ќе се одржи на 24-25 јуни.

„И двајцата мислиме дека не можеме да напредуваме без соработка со Турција“, констатира германската канцеларка Ангела Меркел.

Италијанскиот премиер Марио Драги, исто така истакна дека се приклучува кон Меркел и информира дека треба да биде обновен Договор за миграција со Турција.

 



Слични вести