Ердоган: Турција од 2003 година успеа да привлече приближно 225 милијарди директни меѓународни инвестиции

Претседателот Ердоган истакна дека Турција од 2003 година успеа да привлече приближно 225 милијарди директни меѓународни инвестиции

1662645
Ердоган: Турција од 2003 година успеа да привлече приближно 225 милијарди директни меѓународни инвестиции

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во направената проценка внесена во „Стратегијата за директни меѓународни инвестиции на Турција 2021-2023“ што беше објавена од страна на канцеларијата за инвестиции при претседателството се истакнува следното: „Стратегијата за директни меѓународни инвестиции на Турција ќе биде во својство на патна карта за придавање на инвестиции со додатна вредност на нашата земја во сферите од коишто има потреба нашата економија.“

Ердоган истакна дека Турција со широките можности за производство, квалификуваната работна сила, стратешката месоположба, модерната логистичка инфраструктура и стимулативните пакети коишто би можеле да одговорат на секоја потреба, претставува сериозен привлечен центар  кај директните меѓународни инвеститори.

Привлекувајќи внимание дека Турција со растојание од четиричасовен лет пружа можност за пристап со еден огромен пазар со население од 1,3 милијарди население и вреддност од 26 трилиони долари, претседателот Ердоган нагласи дека земјата освен тоа што пружа вакви трговски предности е едната од најбезбедните рути за пренесување на енергетските извори на линијата Исток-Запад, кон европските земји.

Укажувајќи дека брзиот економски раст на Турција овозможи да се појави средна класа чија куповна моќ забележа раст во последните 19 години, Ердоган ја изнес следната констатација: „Нашите над 24 градови од кои секој располага со население од по повеќе од 1 милион жители го поддржуваат домашниот пазар во развој на нашата земја. Со нашето младо и динамично население со просечна возраст од 32,7 години, обезбедуваме растечки растечка инфраструктура за локална побарувачка за мултинационалните компании. Кога ќе се направи споредба со земјите членки на Европската унија (ЕУ), Турција како земја која располага со најмладо население, исто така се наоѓа на врвните позиции во светски рамки и по бројот на своите квалификувани инженери.“ - рече Тој.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека  Турција од 2003 година успеа да привлече приближно 225 милијарди директни меѓународни инвестиции.

 



Слични вести