Ердоган: Оваа година очекуваме вкупниот извоз на Турција да достигне до рекордни 200 милијарди долари

Претседателот Ердоган во своето обраќање со видео порака на „Катарскиот економски форум“ истакна дека оваа година очекуваат да се достигне до извоз од 200 милијарди долари и да се фрли потпис на нов рекорд

1662811
Ердоган: Оваа година очекуваме вкупниот извоз на Турција да достигне до рекордни 200 милијарди долари

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се обрати со видео порака на манифестацијата „Катарски економски форум“ кадешто истакна дека процентот на раст од 7 отсто што го долови Турција во првиот квартал од годината ги зголеми очекувањата за останатиот дел од годината.

Претседателот Ердоган рече дека оваа година очекуваат да се достигне до извоз од 200 милијарди долари и да се фрли потпис на нов рекорд.

Потсетувајќи дека во извештаите на Организацијата за економски развој и соработка (ОЕЦД) за турската економија во 2021 година се предвидува раст од 5,7 отсто и во 2022 година раст од 3,4 отсто, Ердоган рече: „Тоа е едното од најсилните опоравувања предвидени меѓу членките на ОЕЦД. Оваа година очекуваме да достигнеме до вкупен извоз од 200 милијарди долари и да фрлиме потпис на нов рекорд.“

Тој појасни дека поради епидемијата на новиот тип коронавирус глобалната економија 1,5 години како поминува од еден тежок период и дека особено малку развиените и земјите во развој пред епидемијата речиси и се препуштени на нивната сопствена судбина.

Привлекувајќи внимание дека истата индиферентност се презентира и по прашањето на вакцината којашто е најзначајното оружје против епидемијата, претседателот Ердоган рече: „Се соочуваме со една очајна слика во која приближно 100 земји во светот се уште не можат да имаат пристап дури и до првата доза вакцина. /... / Се додека вакцината и лековите не бидат отворени на праведен начин за употреба на сите земји знаеме дека не ќе биде можно и глобалното економско заживување.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека како Турција не избегнуваат да преземат одговорност во овој чувствителен период и дека им е доставена поддршка во медицински материјали на 158 земји и 12 меѓународни организации.

Тој исто така информира дека и националната вакцина против Ковид-19 којашто планираат да ја доведат во готова состојба за употреба кон крајот на годината ќе биде вакцина на целото човештво (ќе му биде ставена на располагање на целото човештво).

 

 



Слични вести