Џон Кирби: Турција прифати да остане во Авганистан и да го брани аеродромот во Кабул

Портпаролот на Секретаријатот за одбрана (Пентагон) на САД Џон Кирби истакна дека Турција прифатила да остане во Авганиста и да го брани Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул

1662314
Џон Кирби: Турција прифати да остане во Авганистан и да го брани аеродромот во Кабул

Портпаролот на Секретаријатот за одбрана (Пентагон) на Соединетите Американски Држави (САД) Џон Кирби кој на одржаниот редовен дневен состанок за претставниците на печатот одговараше на прашањата на новинарите истакна дека одблизу ја следат безбедносната состојба во Авганистан, но додаде дека не е променет календарот на САД за целосно повлекување од оваа земја.

Кирби рече дека Турција прифатила да остане во Авганистан и да го брани Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул.

На едно поставено прашање во однос на тоа дали на остварениот телефонски разговор помеѓу министерот за национална одбрана Хулуси Акар и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин е постигнат одреден договор по прашањето на одбраната на аеродромот „Хамид Карзаи“ во Кабул, Кирби истакна дека овој разговор беше во својство на продолжение на минатонеделната средба помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден на маргините на Самитот на НАТО.
„Турција прифати да биде предводник по прашањето на одбраната на аеродромот во Кабул. Меѓутоа, се уште се зборува за деталите. Има многу работи коишто треба да се направат. Турската страна истакна дека треба да добие поддршка од САД и меѓународната заедница. Работиме на тоа.“ - рече портпаролот на Секретаријатот за одбрана (Пентагон) на Соединетите Американски Држави (САД) Џон Кирби.
 



Слични вести