Ердоган: „Треба да се отстранат причините што ги принудуваат бегалците да мигрираат“

Нашата земја е безбедно прибежиште за приближно 4 милиони бегалци, од кои 3,7 милиони се Сиријци

1661727
Ердоган: „Треба да се отстранат причините што ги принудуваат бегалците да мигрираат“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: „Од суштинско значење е да се отстранат причините што ги принудуваат бегалците и барателите на азил да мигрираат, да се стави крај на конфликтите и нестабилноста и да се вложат напори овие луѓе да се вратат во своите домови“.

Во својата порака објавена по повод 20-ти јуни, Светскиот ден на бегалците, претседателот Ердоган наведе дека има над 82 милиони раселени лица и над 26 милиони бегалци ширум светот.

Изразувајќи дека бројките кои постојано се зголемуваат во последните 9 години покажуваат дека светот се соочува со глобална бегалска криза, Ердоган истакна дека размислувањето дека секој број е личност е доволно за да се разбере степенот на страдањето и човечката трагедија

Нагласувајќи дека постојаната нестабилност во Авганистан и Сирија пинуди милиони Сиријци и Авганистанци да ги напуштат своите домови и дека состојбата не се разликува од онаа во Субсахарска Африка и Мјанмар, Ердоган рече:

„Турција секогаш ги прифати угнетените и жртвите и ги штити оние кои се засолнуваат во рамките на нејзините граници, без оглед на нивната вера, јазик, раса или потекло.

Во моментов, нашата земја е безбедно прибежиште за приближно 4 милиони бегалци, од кои 3,7 милиони се Сиријци. Пожртвуваноста на Турција го спаси достоинството на човештвото и животот на жртвите и угнетените.

Во 2021 година, на 70-годишнината од Женевската конвенција за статусот на бегалците, сè уште не е постигната средина за соработка и солидарност на глобално ниво. Политиките на развиените земји кои ги ограничуваат правата на барателите на азил и бегалците, ги намалуваат квотите за раселување и остануваат рамнодушни на маките на бегалците, играат важна улога во ова.

Развиените земји не делат праведно одговорности и товари и тие, своите меѓународни одговорности се обидуваат да им ги наметнат на третите земји. Решението за бегалската криза не е само испраќање хуманитарна помош на овие чесни луѓе кои се борат да се одржат во живот.

Од суштинско значење е да се отстранат причините што ги принудуваат бегалците и барателите на азил да мигрираат, да се стави крај на конфликтите и нестабилноста и да се вложат напори овие луѓе да се вратат во своите домови.

Посакувајќи 20 јуни, Светскиот ден на бегалците, да придонесе за решавање на сите овие проблеми на барателите на азил, чии страдања и проблеми се влошуваат со новиот вид епидемија на коронавирус (Ковид-19), Ердоган со почит ги поздрави сите бегалци, особено Палестинците, чекаа со децении со копнеж чекаа да се вратат во своите територии“.



Слични вести