Ердоган: Одлучни сме доловената добра клима со Бајден да ја претвориме во максимална корист за нашите земји

Претседателот Ердоган во врска со остварената средба со американскиот претседател Џо Бајден во рамките на Самитот на НАТО во Брисел рече: „Одлучни сме доловената добра клима со Бајден да ја претвориме во максимална корист од аспект на нашите земји“

1662275
Ердоган: Одлучни сме доловената добра клима со Бајден да ја претвориме во максимална корист за нашите земји

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на одржаната прес-конференција по состанокот на претседателскиот кабинет во врска со остварената средба со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден на 14 јуни во рамките на Самитот на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел, го рече следното: „Со зајакнување на нашите канали за дијалог со Соединетите Американски Држави (САД) на секое поле одлучни сме доловената добра клима со Бајден да ја претвориме во максимална корист од аспект на нашите земји.“

„Единственото барање на Турција е да се почитуваат нејзините суверени права во секоја сфера политички и економски, да се дава поддршка на нејзината борба што ја води против терористичките организации.“ - рече Тој.

Ердоган истакна дека верува оти се подотворени вратите на еден нов период со САД на позитивна и конструктивна основа.

Во врска со одржаниот Самит на НАТО на 14 јуни во Брисел пак, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: „На овој Самит уште еднаш се виде дека НАТО без Турција не само што не може да ја зачува својата сегашна позиција, дури е доста тешко да го продолжи и своето постоење. Уште еднаш го потцртуваме тоа дека од НАТО и од сојузниците очекуваме во секоја сфера да покажат погоден приод кон ова значење и овој придонес на нашата земја.“

 



Слични вести