Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 51 лице, регистрирани се 5.294 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 51 лицe, направени се 221.052 тестирања од кои се регистрирани 429 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.294 лица

1662261
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 51 лице, регистрирани се 5.294 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 51 лице.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 49.236. 

Во изминатите 24 часа се направени 221.052 тестирања од кои се дијагностицирани 429 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.294 лица.

Заврши лекувањето на уште 5.093 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 237 илјади 731 лице.

Бројот на администрираните дози вакцини во Турција во рамките на борбата против новиот тип коронавирусот (Ковид-19) заклучно со денеска 21 јуни, 2021 година, понеделник, во 22:05 часот по турско време, изнесува вкупно 42 милиони 754 илјади 676 лица (28 милиони 255 илјади 250 лица се вакцинирани со првата доза, а 14 милиони 499 илјади 426 лица со втората доза вакцина).

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на одржаната прес-конференција по состанокот на претседателскиот кабинет истакна дека од 1 јули ќе бидат целосно укинати ограничувањата за движење (излегување на улица) во Турција.

Претседателот Ердоган, во врска со програмата за вакцинација против Ковид-19 во Турција го рече следното: „Во последната една недела сме во положба на земја која администрира најголем број вакцини во светот според бројот на населението. Нашата цел е за неколку недели вакцинацијата да ја отвориме за целото наше население над 18 годишна возраст.“

 



Слични вести