Министерот за национална одбрана Акар разговараше со американскиот секретар за одбрана Остин

Во соопштението на Министерството за национална одбрана се истакнува дека во разговорот којшто помина во позитивна и конструктивна атмосфера беа разменети мислења во однос на регионални и билатерални одбранбено безбедносни прашања, по Самитот на НАТО

1661372
Министерот за национална одбрана Акар разговараше со американскиот секретар за одбрана Остин

Министреот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) се истакнува дека министерот Акар разговараше телефонски со својот американски колега Лојд Остин.

Во соопштението се вели дека во разговорот којшто помина во позитивна и конструктивна атмосфера беа разменети мислења во однос на регионални и билатерални одбранбено безбедносни прашања, по Самитот на НАТО.

Исто така и во објавеното писмено соопштение од прес-канцеларијата на Секретаријатот за одбрана (Пентагон) на Соединетите Американски Држави (САД) се истакнува дека Лојд Остин и Хулуси Акар разговараа за соработката помеѓу двете земји и продолжување на дипломатското присуство во Авганистан. 

Во соопштението се наведува дека американскиот секретар за одбрана Лојд Остин уште еднаш го потври значењето на одбранбената врска помеѓу САД и Турција којашто продолжува долго време и му се заблагодари на министерот за национална одбрана Хулуси Акар закомуникацијата и соработката коишто продолжуваат помеѓу двете земји во однор на мирот и безбедносните прашања.



Слични вести