Чавушоглу: Грција треба да се откаже од провокациите и провокативните чекори

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на крајот на Дипломатскиот форум Анталија истакна дека Грција треба да се откаже од провокациите и провокативните чекори

1661456
Чавушоглу: Грција треба да се откаже од провокациите и провокативните чекори

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на крајот на Дипломатскиот форум Анталија одржа состанок за претставниците на печатот.

Чавушоглу истакна дека Грција треба да се откаже од провокациите и провокативните чекори.

На едно поставено прашање „Дали ова лето ќе помине мирно помеѓу Турција и Грција? Чавушоглу потсети дека по тензиите коишто продолжуваат во Егејот и Источниот Медитеран е започнат дијалог со Грција, се одржани средби и разговори и дека повторно се започнати консултационите разговори.

Појаснувајќи дека грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас дојде во Турција и тој замина во посета на Грција, Мевлут Чавушоглу рече: „И средбата којашто Мицотакис (грчкиот премиер Киријакос) ја одржаа исто така во Брисел со почитуваниот претседател помина доста позитивно. Тоа е позитивно. Дали се решени сите проблеми, не. Тоа го покажува следното. Го покажува нашиот елан за решавање на нашите проблеми преку дијалог. Се надевам дека оваа искреност ќе продолжи и кај двете страни.“

Меѓутоа, нагласувајќи дека Грција истовремено треба да се откаже од провокации, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го подвлече следното: „Нашиот состанок за претставниците на печатот е добар, но мојот пријател Дендиас зад нас зборува безброј нешта. Нема потреба од тоа. Ние го прогледнуваме тоа. Имаме џентлменски договор за неодржување на било какви вежби во Егејот во текот на туристичката сезона. Но, сега гледаме Грција прогласува NAVTEX. Грција го прекрши и овој наш договор. Грција треба да се откаже од овие провокации и провокативни чекори. Јас знам, тоа го прават за да го задоволат макар и малку својот народ. Но тоа нема корист. Ние посакуваме дијалогот што го започнавме да го претвориме во конкретни чекори. Ние сме искрени и одлучни по ова прашање.“

 



Слични вести