Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 59 лица, регистрирани се 5.575 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 59 лица, направени се 224.128 тестирања од кои се регистрирани 497 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.575 лица

1660942
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 59 лица, регистрирани се 5.575 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 59 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 49.071. 

Во изминатите 24 часа се направени 224.128 тестирања од кои се дијагностицирани 497 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.575 лица.

Заврши лекувањето на уште 4.427 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 224 илјади 224 лица.

Во меѓувреме, бројот на администрираните права и втора доза вакцини во Турција во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) заклучно со 19 јуни, сабота, во 00:45 часот (по турско време) достигна до 40 милиони 402 илјади 549 лица. Со првата доза вакцина се вакцинирани вкупно 26 милиони 119 илјади 082 лица, а со втората доза вакцина 14 милиони 283 илјади 467 лица.



Слични вести