Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 51 лице, регистрирани се 5.480 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 51 лицe, направени се 215.496 тестирања од кои се регистрирани 494 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.480 лица

1661305
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 51 лице, регистрирани се 5.480 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 51 лице.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 49.122. 

Во изминатите 24 часа се направени 215.496 тестирања од кои се дијагностицирани 494 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.480 лица.

Заврши лекувањето на уште 4.195 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 228 илјади 419 лица.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека годишната возраст на закажување на термини за вакцинирање опадна на 30 години и дека почнувајќи од утре ќе можат да ги закажуваат своите термини за вакцинирање лицата над 30 годишна возраст.

Во меѓувреме, бројот на администрираните права и втора доза вакцини во Турција во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) заклучно со 19 јуни, сабота, во 23:55 часот (по турско време) достигна до 41 милион 021 илјада 970 лица од кои со првата доза вакцина се вакцинирани 26 милиони 675 илјади 999 лица, а 14 милиони 345 илјади 971 лице по првата доза ја примија и втората доза вакцина.

 



Слични вести