Министерот Сојлу: Бројот на терористите на ПКК внатре во границите на земјата опадна на под 250

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека бројот на терористите на сепаратистичко-терористичката ПКК внатре во границите на земјата опадна на под 250

1660202
Министерот Сојлу: Бројот на терористите на ПКК внатре во границите на земјата опадна на под 250

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во дадената изјава во Анкара истакна дека бројот на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК внатре во границите на Турција опадна на под 250.

Министерот Сојлу информира дека од 2016 година досега е овозможено 944 лица по пат на убедување да ја напуштат терористичката организација и дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК која во 2015 година реализира 2.817 акции во 2020 година опадна на 331 акција од кои 276 се реализирани од надвор, преку границата.

"Денеска бројот на терористите внатре во границите на земјата за прв пат во историјата е намален на под 250. Никој да не се грижи и тие се свесни. И оваа бројка не ќе можат да ја видат уште еднаш." - рече министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу. 

 



Слични вести