Министерот Акар во Анкара се состана со својата германска колешка Крамп-Каренбауер

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар својата германска колешка Анегрет Крамп-Каренбауер во министерството во Анкара ја пречека со воена церемонија

1660294
Министерот Акар во Анкара се состана со својата германска колешка Крамп-Каренбауер

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со својата германска колешка, министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер која престојува во официјална посета на Анкара.

Каренбауер во Министерството за национална одбрана беше пречекана со воена церемонија кадешто ја поздрави почесната гарда, а потоа се потпиша во спомен книгата.

Двајцата министри Хулуси Акар и Анегрет Крамп-Каренбауер најпрвин одржаа средба лице в лице, а потоа дадоа изјави за претставниците на печатот.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека чувствува задоволство од тоа што ја пречекува во Турција министерката за одбрана на Германија за која ги употреби зборовите „нашиот пријател, партнер, едниот од најзначајните сојузници во НАТО“ и рече дека оствариле убава средба со неговата германска колешка.

Нагласувајќи ги историските и културните врски помеѓу Турција и Германија, Акар рече: „Исто како за време на остварената посета во Берлин во февруари и овде ја завршивме нашата средба во крајно конструктивен, позитивен приод со обострано разбирање и заеднички приод.“

Велејќи дека (сепаратистичко-терористичката организација) ПКК е еднаква со ЈПГ, министерот Хулуси Акар го подвлече следното: „Го поставивме на дневен ред тоа дека апсолутно не станува збор да водиме било каква етничка, верска борба против нашите курдски браќа, рековме дека Курдите се наши браќа.“

„И по прашањето на (Фетулахистичката терористичка организација) ФЕТО ѝ рековме на почитуваната министерка дека ФЕТО е присутна во Германија, дека таму водат одредени активности и дека заедно со тоа што не претставува прашање на Министерствата за одбрана, тоа е едно од значајните наслови помеѓу двете земји.“ - истакна министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер, се заблагодари за срдечното и топло гостопримство и го рече следното: „Добрите партнери се слушаат и се обидуваат да ги разберат сите свои позиции, и покрај тоа што на крајот не велат 'да' за секоја позиција. На остварената денешна средба видовме дека всушност во општа смисла во голема мера постигнавме согласност.“

 



Слични вести