Мевлут Чавушоглу во Анталија се состана со својот колега од Северна Македонија Бујар Османи

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека во Анталија се состана со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи

1660750
Мевлут Чавушоглу во Анталија се состана со својот колега од Северна Македонија Бујар Османи

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анталија се состана со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи кој допатува во Турција по повод состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Дипломатскиот форум Анталија. 

Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер го изрази своето задоволство од остварената средба со својот колега од Северна Македонија Бујар Османи на Дипломатскиот форум Анталија.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглуö на својот профил напиша: „Нашата цел е да ги унапредиме нашите билатерални односи на секое поле.“

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи исто така на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со остварената средба со Чавушоглу во Анталија кадешто допатува за состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Дипломатскиот форум Анталија, го напиша следното: „Ние ќе продолжиме да ја прошируваме нашата одлична билатерална соработка со разновидни деловни и трговски односи.“



Слични вести